10-те најубаво дизајнирани пивски шишиња

Вистина е дека пивото според најраспространетата дефиниција е евтин народен пијалок, но многупати досега покажавме дека постојат многу варијации на таа тема и безбројни специјалитети, кои ќе ги задоволат и најпребирливите

Исто така постојат и специјално дизајнирани амбалажи кои недвосмислено покажуваат дека ја кријат првобитната содржина. Еве неколку примери на најдобро дизајнирани пивски шишиња:
Данскиот Карлсберг спаѓа во оние кои многу вложуваат на визуелниот идентитет и нивната редовна амбалажа се одликува со убавина и елеганција. Освен тоа познати се и по спонзорирањето на културни проекти и музејот Карлсберг 900 е пример на таквиот став, но оваа амбалажа за жал може да ја видите само на интернет. Се работи за мала серија која е работена само за неколку одбрани ресторани во Шведска во Стокхолм, а тоа дали Карлсберг овој дизајн на компанијата ЈДО УК ќе го искористи и за некои следни производи не е за сега познато.

Жителите на манастирот Њестмалле во Белгија својот префинет “блонд ејл” го прават со многу страст и алтруизам, а добивката од неговата продажба е наменета за добротворни цели. Дизајнерот Јес МекГичин ја креирал амбалажата за Њестмалле Трипел, која ја изразува нивната хуманист и религиска вредност. Пакетот од 4 шишиња и самото шише дизајнирани се така да асоцираат на  црковната иконографија – кулата и витражите на прозорите, и спаѓа меѓу најубавите амбалажи за пиво досега видени.

Дизајнерт Јон Патерсон го потпишал решението за лименката пиво Сессион Лагер Беер, која на прв поглед би можела некого да уплаши, бидејќи верно ја прикажува рачната граната. Но сепак овој “воен поглед” е многу симпатичен, а лименката се отвара со повлекување на осигурувач, како на вистинска граната.Mariestads Prima Lager добил нов лик, кој се реферира на долгата историја на брендот и вљубеноста на пивските сладокусци. Флашата има старински изглед, а истовремено е и модерна и елегантна, а пакетот од шест шишиња содржи и историски фотографии кои потсетуваат на минатото на пиварницата.
Лименката пиво Лингерие е отсликана со поглед кон градот со фабрики и чад, но кога ќе ставите две лименки една до друга, добивате слика на еротски долен веш за дами. Многу духовит, оригинален и преубав дизајн и невообичаен во светот на пивото.
Cable Car Beer е пиво со дизајн кој е далеку најтрадиционален и наједноствен во целиот овој избор. Сепак заслужува секоја почит на оригиналното решение на етикетата. На предната страна со името на пивото е и цртеж на неговото значење т.е. тролејбусот па и бројот на возилото, а на вратата детални податоци за пивото и производителот.
Шишињата и другите пакувања на шпанското пиво Estrella Damm се исто така прекрасни, додека Inedit Estrella Damm ги надминува сите останати. Овој дизајн е креиран за послужување на пивото во одбрани ресторани, каде што виното не е единствена опција и пслужување со соодветна храна. Дизајнот е вистинско ремек дело, па оние кои во ресторанот ќе се одлучат за ова пиво обично го бараат шишето за спомен.

Chambar ale пиво правено според белгиски рецепт за потребите за еден ресторан во Ванкувер, Канада. Флашата е дизајнирана од студиото Гласфурд анд Њалкер, а авторите се одлучиле за печат директно на шишето значи без хартиена етикета.

Австриското пиво Stiegl од Салсбург по повод 500годишнината од постоењето на пиварницата ја редизајнирале етикетата со помош на компанијата Скиннѕ Схипс.
Преубавата црно бела етикета, која сугерира врвен квалитет на содржината на шишето го краси пивото со име Hallertau Extra Strengt Herois Beer. Дизајнот е инспириран од римските кипови и рељефи, а илустрациите освен што се вкусни и ефективни, уште и духовити. Така војникот во кочија поздравува со запрегнување на коњите додека момчето од десната еткитета држи една блажена насмевка со дури девет бочви. Решението го потпишува компанијата Дегрее Десигн и се смета за една од најдобрите во светот на пивото воопшто.

Има уште навистина безброј примери на вакви интересни амбалажи и имиња на пиво (читај во минатите броеви) што кажува на тоа дека производителите се навистина посветени на пласманот на својот бренд, и дека амбалажата и дизајнот играат голема  улога во тоа.
Извор: thecoolist.com

Posted in ТЕКСТОВИ | Leave a comment

БАВАРСКИ ПЕРЕК, ВЕРНИОТ ПРИЈАТЕЛ НА ПИВОТО

Сигурно ви здосадило кога ќе нарачате пиво секогаш да ви носат кикирики или чипс како мезе.. Некои пософистицирани локали одат и чекор понатаму со нудење на разни други солени стапчиња, а да не зборуваме пак за малку сирење или маслинки.

Но, еден елемент е целосно запоставен, а е извонреден прилог со пивото, како по неговата важност,така и по популарноста и е рамо до рамо со него. Тоа е перекот, но не било каков, туку голем, а и да не постои таков треба да го измислите. Wiesn Breze!!!Книгите кажуваат дека перекот традиционално се подготвува од тесто со бело брашно и типично е прелиен со смеса од брашно, сол и вода. Може да се најде во многу пекарници во разни форми. Долго време се и дел од кулинарската традиција на просторот на Средна Европа, но поради својот атрактивен изглед и вкус се прошириле по целиот свет. Освен во свеж облик се продаваат и како трајно пециво во кесички.

Тоа што ние во нашите пекарници можеме да го купиме исто така не е тоа за што сакаме да зборуваме во овој текст – Wiesn Breze, односно познатиот баварски перек. Тој е точно четири пати поголем од стандардниот. Wiesnbrezen, Wiesnbrezn, Brezel, Bretzel, Brezl, Breze – тоа се сите варијанти на името под кое може да се најде овој специјалитет, кој освен по величината, карактеристичната форма, боја и мирис препознатлив е и по крупната сол на површината.

Сировините за производство се пченично брашно, вода, квасец, натриумов карбонат, и маснотии. Една од најважните карактеристики на минхенскиот т.е. баварскиот дивовски перек е натопувањето во натриумов хидроксид, поради што Wiesn Breze се вбројува во таканаречени “топени” пецива. Перекот непосредно пред печењето сосема кратко се топи во ладен раствор на натриумовиот хидроксид и тоа се прави со три до пет проценти на натриумов хидроксид растворен во вода.

Тоа на перекот му ја осигурува карактеристичната убава кафена боја и типичен вкус. Со загревањето во печката натриумовиот хидроксид на површината на пецивото реагира со јаглерод диоксидот од воздухот и така настанува натриумов хидрогенкарбонат (сода бикарбона и вода). Постојат многу приказни за настанокот на баварскиот перек. Една германска легенда вели дека го измислил пекарот Фридер од Бад Урах во Германските Алпи во 15-тиот век.

Тој, како што кажува приказната паднал во немилост на својот господар, грофот Еберхард од истото место и требал да биде обесен. Но, грофот така ја ценел неговата пекарска умешност, со тоа што великодушно му понудил исцелување, ако ја изврши задачата која му ја поставил – морал во рок од три дена да направи некое пециво низ кое сонцето ќе сјаело тројно, а на грофот ќе му биде повкусно од било кој леб кој до тогаш го пробал.

Мајсторот ги испробал речиси сите невозможни комбинации, се додека еден ден сопругата не му го попречила патот со скрстени раце и тоа го инспирирало да направи пециво во варирачка форма на осмица, која ја задржала и до денес. Во моментот кога сакал да го стави тестото во печката, на тепсијата скокнала една мачка, па дел од тестото паднал во канта со сода (натриумов хидроксид). Со оглед на тоа дека времето на пекарот истекувало, го ставил и тестото во рерната, а грофот со тоа пециво бил така одушевен што му го подарил животот на пекарот.

Сепак постои верување дека оваа форма е креирана преку римскиот прстенест леб, кој со тек на времето бил издолжен во облик на шестка. Со текот на времето, веројатно се случило да се спојат две такви шестки во денешниот облик на осмица. Имено на латински рацете се нарекувале „braciccum”, односно „brachiatellium”. На старогермански тоа звучело како Brezitella. Посебно во јужногерманската област, каде што постојат бројни католички манастири, перекот станал жртвен предмет, како за новогодишните така и за прославите за крај на жетвите, односно благодарност за плодовите, а трите отвори на перекот се толкуваат како и пресветото Тројство – Отецот, Синот и Светиот дух, Од 14-тиот век перекот е симбол на еснафот на пекарите.

Баварија секако дека го има својот пронаоѓач на перекот – тоа е минхенскиот пекар Антон Непомук Фанебренер, кој работел во кафулето на дворскиот снабдувач Јохан Еилес. Тој своите переци ги топел во шеќерна вода, а наводно еднаш сосема случајно по нив истурил сода бикарбона, која инаку ја користел за чистење на тепсиите. Останатото е историја. Покрај традиционалните баварски колбаси, перекот е исто така еден забележителен момент на тековниот Октобер фест најголемиот пивски фестивал во Германија.

(BARCODE, ДЕКЕМВРИ 2010)

Posted in ТЕКСТОВИ | Leave a comment

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

ВО ПРВИОТ ПИВСКИ БЛОГ ВО МАКЕДОНИЈА. НА ОВА МЕСТО ЌЕ НАЈДЕТЕ МНОГУ КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВИСТИНСКО И ДОСТОЈНО КОНЗУМИРАЊЕ НА ОВОЈ ПИЈАЛОК.

ОСТАНЕТЕ СО НАС И БИДЕТЕ СО ДОБРО ЗДРАВЈЕ!!!

Posted in ТЕКСТОВИ | 1 Comment