ТРАПИСТ ПИВА – ПИВА НА КОИ ТРЕБА ДА ИМ ВЕРУВАТЕ

На пазарот на пиво, може да се најдат многу пива чии производители тврдат дека се Манастирски. Сите Трапист пива се Манастирски, но не значи дека и сите Манастирски пива се и Трапист пива. Но, вистината е дека само 8 видови на пива, наречени Трапист, можат да го тврдат тоа за себе, тоа се шестте белгиски пива Orval, Chimay, Westvleteren, Rochefort, Westmalle и Achel, потоа холандското Tegelen и германското пиво Mariawald. Тие се обединија во Интернационална Трапист Асоцијација, а нивните производи го носат логото Автентичен Трапист Продукт. Ова всушност значи дека производите се прават под буден надзор и одговорност на Манастирите од кои што и првенствено потекнуваат, а дел од профитот од продажбата на Трапист производите оди во добротворни цели. Сите претходно споменати белгиски пива го носат тоа лого, а воедно тие се и единствените во целиот свет. Според ова, Трапист пивата мора да исполнуваат 3 услови:

– пивото мора да биде произведено во кругот на опатијата

– производството треба да биде надгледувано од Монасите

– поголемиот дел од приходот да биде наменет за добротворна работа.

Трапист пивата се богати на вкус и со богата историја. Во овој текст ќе ве запознaеме со нив, а доколку сте од оние кои сакаат да експериментираат со богатиот вкус и арома на пивото тогаш сте на вистинското место. Сите овие пива, и повеќето други може да ги најдете во единствената специјализирана продавница за пиво во Македонија BEERSHOP или подетално на веб сајтот http://www.beershop.com.mk.

Приказната за трапист пивата започнала од уште од 1664 од манастирот Ла Трапе во Нормандија, област во Холандија од каде што потекнува пивото Ла Трапе и е земено името Трапист. Постојат некои дискусии за ова пиво. Пивото повеќе не се произведува во ѕидините на манастирот, но е лиценцирано од една поширока Холандска пивара (Баварија). Го нарекуваат Трапист пиво, поради тоа што приказната започнала токму од овој Манастир, но поради неговата комерцијализација исклучено е од здружението.

CHIMAY

За време на летниот период од 1850 година, мала група на Монаси се населила на нерамниот и груб предел на Scourmont, близу Chimay. Со многу напор тука изградија Манастир, а јаловата почва ја претворија во плодно земјиште. Во близина на Манастирот се создаде цела фарма, во која се произведуваше пиво и сирење. Во 1862 година Монасите го создадоа своето прво пиво, денес познато како Premiere (75cl), кое во целост ја запазува монашката традиција на произведување. Со ова, Манастирот даде основа за создавање на многу фабрики, кои внесоа многу динамика во целиот регион. Откако заврши главната улога на Монасите како иноватори, тие на драго срце му ја предадоа целосната администрација од производството на пиво, на компанијата layman. Центарот за флаширање и пакување на пивото, како и канцелариите, се преместени неколку километри подалеку од Манастирот. Но, производството на пиво сеуште е под надзор на монасите. Chimay Trappist пивата ги дистрибуира компанијата Bieres de chimay. Chimay сеуште се произведува во атарот на Манастирот, со што се гарантира автентичноста и квалитетот. Се флашира во Baileux, неколку километри подалеку од Манастирот. Моментално произведуваат четири типа на Chimay од кои кај нас се достапни три.
Chimay red е првото пиво произведено од монасите. Пакувано е во шишиња од 0,75л, затворено со плутена затка, а било наречено Премиер. Тоа е со бакарно црвена боја, со овошна арома на кајсија, цврста и кремаста пена, и процент на алкохол од 7 %. Chimay triple за првпат е направено во 1966 година. Формулата е на отец Теодор и тоа последното нешто што го направиле монасите од Scourmont. Тоа е пиво со килибарно светла боја овошна нота на суво грозје и морско оревче и сосема мала горчина. Процент на алкохол е 6 %. Chimay blue првпат е лансирано во 1948 година како божиќно пиво, но подоцна стана и предводник во chimay. Во 1982 година почна да се пакува и во амбалажа од 0,75л. под името Grand Reserve, а во 1993 година беше лансирано и Магнум, пакување од 1,5л. Предноста на ова пиво е што се чува и неколку години, а процентот на алкохол е 9%.

Orval
Пивото од овој манастир работи врз основа на филозофијата: прави една работа и прави ја добро. Тие произведуваат само едно пиво, еден вид Белгиско Пале Але (тип на пиво), се служи во пехар чаша со матна портокалова боја, елеганција и вкус. Првиот рецепт за овој тип на пиво е регистриран во Манастирот уште во 1100 година.

Rochefort
Производствениот капацитет на Rochefort Trappist, е зголемен за 25% благодарение на новата ферментациона просторија во манастирот Св. Рем. Ова е одлична вест знаејќи го фактот дека барањата за ова пиво се многу големи, додека количините се многу ограничени. Сега, дополнителни 100 хектолитри од Rochefort 8, ќе циркулираат помеѓу потрошувачите, а зголемена количина има и од Rochefort 6, но поради исклучителниот квалитет на ова пиво, речиси секогаш е распродадено за многу кратко време. Токму ова пиво е прогласено за најдобро трапист пиво од страна на француските винари. Според ова, можеме да залкучиме дека Rochefort е привилегија, задоволство кое не можеме да си го дозволуваме секојдневно, а тоа е причина повеќе целосно да му се препуштиме на уживањето додека го консумираме.

Westmalle
Од овој Манастир ни доаѓаат два типа на пиво: Dubbel, со темна етикета и боја и 7% и Trippel, светла етикета со 9.5%.

Westvleteren

Ова е секако најмалку познато трапист пиво во споредба со преостанатите шест. Неговиот мистериозен рецепт се чува зад дебелите ѕидови на манастирот Св. Сиктус каде што пристапот на луѓето е забранет. Всушност, пивото е достапно само од манастирскиот трем или од некоја посебна установа, спротивна на претходната. Откако westvleteren се пофали со две темни пива (blue and yellow tops), пиварот отец Филип и неговите колеги, пред две години решија да произведат ново (green top). Доминантниот вкус на ова едноставно извонредно пиво е горчливоста, која произлегува од хмељот, истиот оној кој вирее во околината на манастирот. Пивото не е филтрирано ниту пастеризирано, светло е и бистро со жолтеникава нијанса. Алкохолниот процент изнесува 5,8, што ова пиво го прави освежително и релаксирачко, без поголеми последици за главата. Сината варијанта на westvleteren, за разлика од претходното, има некој овошен мирис и арома, додека жолтата варијанта има највисок алкохолен процент од 12%  кој се чувствува и во мирисот и во вкусот. Едно од најретките и најскапи пива во светот. Монасите од Saint Sixtus не се заинтересирани за дистрибуција на нивното пиво, се продава само во рамките на манастирот и локалните меани. Цената за едно шише верувале или не достигнува и до 12 евра и се распродава за неколку часа. На шишето нема никаква етикета освен на тапата и е единственото пиво кое нема рок на траење. Се произведуваат три типа. со зелено капаче и околу 6% алкохол, Dubbel, со плаво капаче и бројот “8” и Quadrupel, жолто капаче со бројот 12 на него, кое се смета за Крал на сите пива.

Achelse Kluis, St Benedictus
Ова е едно од последните и трапист пива. Постојат три верзии Dubbel, Trippel и Силно темно Ale. Нивниот процент на алкохол се движи помеѓу 8% до 9.5% зависно од стилот

На кој начин се послужува Chimay?
Држете ја чашата малку наклонета и полека почнете да го точите пивото. Бидете внимателни да не ја допрете чашата или пената со врвот од шишето. Потоа, сипете го пивото во еден потег, но притоа внимавајте да оставите околу еден сантиметар пиво во шишето, бидејќи на дното од секое Chimay пиво се наоѓа остаток од квасецот кој се таложи за време на втората ферментација.

Во какви чаши треба да се послужува Chimay?

Без разлика на тоа какво chimay дегустирате, како прво, ви требаат беспрекорно чисти чаши, без отпечатоци на нив или масни дамки. Chimay чашата од 0,33л. е основна, таа ќе ви овозможи да го почувствувате целосниот вкус и арома што ви го нуди ова пиво. Помалата варијанта на Chimay чашите од 0,18л., наменета за дегустација, е многу посоодветна за вистинско дегустирање.

Што да се јаде со Chimay?

Се произведуваат 4 видови на Chimay сирења, кои се разбира одлично одат со Chimay пивата. Chimay исто така би можело да се искористат како додатна состојка во многу кулинарски специјалитети.

Како и колку долго да се чуваат Chimay пивата?

Се препорачува пивото да стои во вертикална положба, за да може квасецот да се наталожи на дното, а температурата да биде од 10 до 12ºС. Се разбира дека треба да го погледнете и рокот на траење, но тоа не треба да се сфати премногу сериозно. Пивото со поминат рок на траење сеуште може да се пие. Всушност, Chimay пивата никогаш не поминуваат.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s