ПИВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНЦИТЕ 87 ГОДИНИ ПИЈАТ ПИВО

Историјата и традицијата на македонското пиво почнува пред 87 години кога во погоните на „Парна Пивара“- Скопје излегло првото буре и шише со „скопско“. Тоа е воедно и првото македонско пиво, кое денес е синоним за „најдоброто од Македонија“ и е еден од националните обележја.

Во архивите на скопската пиварница е забележано дека во 1922 година чешките инжинери Виктор Цајс и банкарот Карел Хусник инвестирале тогашни три милиони динари и на истото место каде што е денеска ги изградиле првите погони на „Парна пивара“. Тогашната скопска била прва од таков вид јужно од Јагодина. Првите литри пиво произведени по чешки рецепт и суровини измешани со скопска бунарска вода биле произведени во 1924 година. Од тогаш до ден денешен пивото се прави по ист рецепт, од квалитетен пивски јачмен увезен од Чешка, хмељ, слад и од пивски квасец. Скопската вода на пивото му го дава посебниот вкус и квалитет. Според историските податоци, во првите години пивото се родавало точено во буриња и во стаклени шишиња од 0,75 литри. На шишињата било изгравирано „Парна пивара АД у Скопљу“, рачно се втиснувала тапа и се запечатувала со восок. Во 30тите години од минатиот век се појавиле и првит етикети на кои пишувало „скопљанско експортно пиво“.

По Втората Светска Војна „скопљанското“ станало „непастеризирано бело пиво“, а потоа „скопско“, По војната Чесите си заминале, а пиварницата била национализирана.

Почетокот на 90-тте години се златната ера на „скопско“ и на скопската пиварница. Во 1991 година во скопските погони се полнат првите лименки со пиво и со кока кола на територијата на поранешна СФРЈ. Тие години ќе останат запаметени и по маркетинг кампањите и слоганот „Скопско и се е можно“. За квалитетот на „скопско“ сведочат и многубројните златни медали од „Монд Селекшн“ во Брисел, каде што во селекција меѓу 400-500 видови пиво од цел свет „скопско“ е рангирано меѓу најдобрите. „Скопско“ се пие во Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Австралија, САД, Швајцарија, Холандија, Италија. Во 1993 година на македонскиот пазар се лансира и посилната варијанта на „скопско“ -„стар лисец“ со одлична маркетинг кампања но со краток век на траење. Нешто подоцна почна да се произведува и „горско“ пиво, а од 2009 година се лансира и „скопско силвер мун“ како летна освежителна варијанта.

 

 

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА

Прилепска пиварница е основана 1924 година. Тој период се карактеризира со мануелно производство, кое расте од година во година и на почетокот на Втората светска војна достигнува 8.000 хектолитри пиво годишно. Самиот почеток на Втората светска војна ги продлабочува финансиските тешкотии во кои запаѓа пиварницата и таа престанува да работи. Повторното активирање на погоните се случува во 1952 година за наредната, 1953 година, да се инсталира и парен котел за варење на пивото. Со таа технологија и 40 вработени во пиварницата, во 1966 година производството скокна на 42.000 хектолитри пиво годишно. Во тој период најголемото производство беше на црно и на светло пиво, “Крали Марко”, што ферментираше во дрвени буриња, а се пакуваше во стаклени шишиња. Поголема инвестиција во пиварницата беше преземена во 1972 година кога и производството се зголеми на 86.000 хектолитри пиво. Со преземањето на раководството од страна на млади високообразовани кадри, во 1975 година почна и брзиот раст на “Прилепска пиварница” и во наредните 3 години производството скокна на 250.000 хектолитри пиво годишно. “Прилепска пиварница” во 1980 година добива и лиценца за производство на светските брендови Pepsi и Mirinda за да во 1991 година добие и признание за најголема продажба на Pepsi, во апсолутен волумен, во регионот на поранешна Југославија и во Албанија. Во 2000 година го лансира пивото “Златен даб”, кое се карактеризира со висок и одличен вкус. Својот асортиман го проширува во 2002 година со добивање лиценца за производство на овошни сокови – нектари Пригат. Денес “Прилепска пиварница” е во приватна сопственост. Инвестициите во високата технологија ја направија и една од најмодерните пиварници на Балканот. Годишниот капацитет на варилницата е 582.000 хектолитри пиво годишно. Покрај тоа, се уште ги полни лиценцните пијалаци Pepsi, Mirinda и 7 UP, како и овошниот сок Пригат.

БИТОЛСКА ПИВАРНИЦА

Нешто понова но со неславен крај е и Битолската пиварница која сепак треба да се спомене и во овој контекст. Пред триесетина години започна и индустриското производство на пиво во овој град, со изградбата на Битолската пивара. Во текот на тридецениското постоење во овој наш индустриски капацитет се изгради основата на она што денеска се нарекува ПИВАРА БИТОЛА.
Во март 2000 година, овој наш индустриски капацитет беше превземен од стратешкиот инвеститор – компанијата Kenri GmbH од Базел, Швајцарија.

 

„БИТОЛСКО ПИВО“
„КЕНБАХ“
„БАБАМ“ ПИВО
„ЈАС И ТИ“

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s